ВИСТИНСКО ЧУДО! НАЈГОЛЕМИОТ ХОТЕЛ ВО СВЕТОТ ИМА 7.351 СОБИ.

WEB Телевизија во живо

Хотелот First World, кој се наоѓа во рамките на светскиот центар за одморалишта во Гентинг Хајлиндс, Малезија е најголемиот хотел во светот, односно хотелот со најголем број на простории што се користат според Гинисовата книга на рекорди. Тој е дел од планинско одморалиште, се состои од три импресивни шарени згради и има дури 7.351 хотелски соби.
 
Хотелот е со три ѕвезди, а управата тврди дека нуди соби за секој џеб – од помали простории од околу 20 квадратни метри до малку повеќе луксузни апартмани.
Тој има и реновиран трговски центар наречен First World Plaza, кој се простира на 46.000 квадратни метри и кој покрај бројните продавници, ресторани и кафулиња, вклучува и големо казино.
Тука е и тематскиот парк Скитрополис со многу активности за деца и возрасни, но и жичарницата Авана Скајвеј што овозможува полесно движење околу одморалиштето лоцирано околу планината Улу Кали, која се издига на околу 1800 метри надморска височина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *