РЕКРЕАТИВНО ВОЗЕЊЕ „ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска, Здружението на пензионери од Гевгелија, по втор пат го организираше рекреативното возење за своите членови „Пензионерите на велосипед“. Убавото време ги „извади“ од своите домови над педесеттина пензионери од општина Гевгелија, кои учествуваа во рекреативното возење од Гевгелија до Негорските бањи и назад. Како што не информираше претседателот на Здружението, Велин Стојменов, на ова рекреативно возење, пензионерите велосипедисти беа придружувани од полициско возило и возило на Брзата помош, а ова беше убава можност, истакна Стојменов, после сите проблеми создадени од пандемијата на коронавирусот, пензионерите да поминат извесно време во природа, на чист воздух и воедно да се рекреираат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *