ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОСВЕН ГРИЖАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ, СЕ ГРИЖАТ И ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно сопретседателот на Советот на општина Гевгелија, Тодор Ристов, денес го посетија ОВР- Гевгелија и на припадниците на полицијата им го честитаа Празникот на полицијата. Притоа, градоначалникот Поцков на началникот на ОВР-Гевгелија, Антонио Карапеев и командирот на ПС- Гевгелија, Миле Ангелков, а воедно и на сите полициски службеници, им изрази благодарност за досегашниот ангажман и спроведуваните активности чувањето на јавниот ред и мир, грижата за безбедноста на граѓаните и за успешното учество во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување и спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот на територијата на општина Гевгелија.

Припадниците на полицијата при ПС, ОВР- Гевгелија ги ставија сите свои капацитети на располагање, во служба на граѓаните како би го спречиле нарушувањето на јавниот ред и мир и загрозувањето на безбедноста. Посебно, во последната година и пол, за време на КОВИД-пандемија. И, тоа на првата борбена линија, одговорајќи на висина на задачите со својата професионалност, ефикасност и организација на животното функционирање во вонредни околности. На сите припадници на МВР им посакувам многу успех и континуитет во вршењето на задачите, осигурувајќи ја нашата безбедност и истата ја подигнат на повисоко ниво!

Денот на полицијата во ОВР- Гевгелија беше одбележан со полагање на цвеќе на Спомен- бистата на Ѓорге Стамов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *