ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“

WEB Телевизија во живо

Денеска, ООУ „Крсте Мисирков “- Гевгелија го одбележа 14 Maj- Патрониот празник на училиштето, со скратена програма поради КОВИД-пандемијата, Директорот на Училишето, по повод денешниот ден, истакна беше положено цвеќе од наставниците и учениците кои следат настава со физичко присуство пред бистата на Kрсте Мисирков, во холот на Училиштето. Празникот беше одбележан со активности на учениците (рецитирање, пеење, играње, ликовни изработки). Директорот Петров упати честитка по повод Патрониот празник, во која истакна:
 
– Почитувани наставници, ученици, родители, соработници, драги пријатели! Втора година по ред, Патрониот празник на училиштето го одбележуваме во необичаени услови, поради КОВИД-пандемијата.
На симболичен начин, со кој ќе ја презентираме креативноста на учениците од прво до трето одделение кои следат настава со физичко присуство, под менторство на нивните наставници. Во време кога наставниот процес се одвива на еден поинаков начин од оној на кој сме навикнати, сакам да упатам голема благодарност за посветеното работење на наставниот кадар. Исто така, сакам да им се заблагодарам на учениците за големата одговорност, соработка и трпение, со желба за што поскоро враќање во училишните клупи.
По повод Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, честитка упати и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков:
 
– Почитуван колектив, почитувани ученици и родители! Нека е честит 14 Мај- Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија! Со желби за што побргу чествувани Патрони празници со богата програма, каква што приредувавте изминатите години пред пандемијата од КОВИД-19. Ви посакувам успешна и плодна работа, оправдувајќи го делото на Мисирков како негови следбеници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *