ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА 46-OT ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА УСПЕХ НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ УЧЕНИЦИ. ЛЕОНИД ЦУКЛЕВ ОСВОИ ТРЕТО МЕСТО, А СОЛИДНИ РЕЗУЛТАТИ ПОСТИГНАА СИМОНА МИТРОВА И КАЛИНА ЛАЗАРОВА

На Природно Математичкиот Факултет во Скопје се одржа 46-от Државен натпревар по математика за учениците од основното образование.
Осмоодделенецот Леонид Цуклев, од ООУ „Климент Охридски“, под менторство на наставникот Лазар Ангеловски, го освои третото место. По натпреварот тој ни изјави дека задачите иако биле потешки од оние на општинскиот и регионалниот натпревар, сепак тој успеал да стигне до третото место.
 
Вели, исто така дека математиката му е омилен предмет затоа што сака секогаш да дојде до реѓение на поставените задачи
Ученичката Калина Лазарова од 6 одделение од ООУ „Владо Кантарџиев“ која учествуваше на државниот натпревар по математика под менторство на наставничката Тодорка Челевска Милиќевиќ освои пофалница. Според бодовите е меѓу десетте најдобри во учество на 133 ученика на државно ниво.
 
Додека пак ученичката Симона Митрова од 7 одделение при ООУ „Ристо Шуклев“. под менторство на наставник Сузана Петрова постигна солиднен резултат.
На учениците и нивните ментори им честитаме со надеж дека ќе продолжат и натаму да ја сакаат математиката, затоа што, како што вели Давид Хилберт
Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *