20 ЈУНИ-СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ.ЕДЕН ПРОЦЕНТ ОД ЧОВЕШТВОТО Е РАСЕЛЕНО, ДЕСЕТ МИЛИОНИ СЕ ПОД 18 ГОДИНИ, ЕДЕН МИЛИОН ДЕЦА СЕ РОДЕНИ КАКО БЕГАЛЦИ.
И покрај пандемијата, во 2020 година бројот на луѓе кои бегаат од војни, насилство, прогон и кршење на човековите права порасна на близу 82,4 милиони луѓе, според последниот годишен извештај на УНХЦР, Глобални трендови, објавен во Женева. Ова е дополнително зголемување од четири проценти од претходно највисоката бројка од 79,5 милиони регистрирана на крајот на 2019 година.
Повеќе од две третини од сите луѓе кои избегале надвор од границите на својата држава доаѓаат само од пет држави: Сирија (6,7 милиони), Венецуела (4,0 милиони), Авганистан (2,6 милиони), Јужен Судан (2,2 милиони) и Мјанмар (1,1 милион). – Најголемиот број бегалци во светот – речиси 9 од 10 бегалци (86 проценти) – се згрижени во држави кои се соседи на кризни области и држави со низок и среден приход. Најнискоразвиените држави обезбедиле азил на 27 проценти од вкупниот број.
Седма година по ред, Турција е домаќин на најголемата бегалска популација во светот (3,7 милиони бегалци), а по неа се Колумбија (1,7 милиони, вклучувајќи Венецуелци раселени надвор од државата), Пакистан (1,4 милиони), Уганда (1,4 милиони) и Германија (1,2 милиони).