Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намелена способност на социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување..
Секоја година, на 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам во светски рамки. Основна цел е поддршка во подобрувањето на квалитетот на живот на луѓето што страдаат од аутизам. Неизоставен дел е и борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството.
Во Македонија се уште нема регистар за луѓето со аутизам, но според светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден со аутизам, тоа значи дека кај нас има околу 12000 и оваа голема бројка не смее да се занемари.
Родителите на децата со аутизам имаат проблеми да ги вклучат своите деца во образовниот процес почнувајќи од најмалата возраст односно од градинка па нагоре. Системот не е спремен за целосна инклузија. Последните години се прават чекори и има подобрувања во таа сфера, но се’ уште сме далеку од потребното ниво. Родителите стареат, децата растат и секогаш постои најделикатното прашање што ќе биде со тие деца после ?
Нарушувањата од аутистичниот спектар не се болест, туку доживотно развојно нарушување. Станува збор за широк спектар на нарушувања, секоја дијагноза е различна и секоја личност во спектарот има различни симптоми и потреби. Затоа се користи зборот спектар затоа што овој „чадор“ го покрива целиот спектар (Аспергеров синдром, Рет-ов синдром, ДДС – Детски дезинтегративен синдром / Хелеров синдром /, Неодредено продорно развојно нарушување). Сината боја ги симболизира нарушувањата од спектарот на аутизмот, а друг симбол се деловите од сложувалката