Дваесетина планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија деветнаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.
Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.
Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминат во неколку етапи и в недела на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на негобиот гроб во Скопје ќе положат цвеќе.
Освен до Скопје, 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.