18 МАЈ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ. МУЗЕЈОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА РАСПОЛАГА СО 11.000 АРХЕОЛОШКИ АРТЕФАКТИ!

Директорот на Народниот музеј во Гевгелија, Бобан Хусеновски, на овој ден истакнува дека изградбата на Археолошкиот музеј во Гевгелија, кој е ставен како приоритет во Програмата на Министерството за култура, е од приоритетно значење, како поради богатото археолошко наследство во овој крај, така и за негова афирмација, имајќи предвид дека крај Гевгелија минуваат голем број наши и странски државјани,
Оваа национална установа, вели Хусеновски, располага со 11.000 археолошки артифакти што значи дека 70% од вкупното археолошко наследство во земјата потекнува од овој крај.
 
Оттука и потребата за реализација на проектот за изградба на Археолошкиот музеј во Гевгелија, во подножјето на Вардарскиот Рид, за што досега е изработена само Проектна програма. Со реализација на овој капитален проект, сместувањето на националната музејска поставка во Амамот и преуредување на постојниот Народен музеј во Градска куќа, ќе се создадат услови за зачувување и афирмација на целокупното музејско наследство во општината.
Со формирањето на првата историска збирка во старата „филатура“ започнува музеологијата во Гевгелија. Во 80-те години од ХХ век, формиран е Општинскиот Музеј „ Митко Зафисовски“ раководен од археологот Владо Аврамов.
 
Во рамките на Музејот се формирани археолошка, етнолошка, историска и збирка од историјата на уметноста. Збирката е префрлена во Владовиот конак денешната зграда на музејот градена во 1906 година. Во 90-те години установата е преименувана во „Народен музеј“ Гевгелија
Инаку, Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *