17-ТИ МЕМОРИЈАЛ „ДИМИТАР КАНГОВ-КАНГАТА 2021“

Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ Гевгелија во недела, на 3 октомври, го организира 17- ти Меморијал “Димитар Кангов – Кангата” 2021
И оваа година по 17ти пат ке се одржи меморијалот, со искачување на највисокиот врв на Кожуф, врвот Зелен Брег, висок 2166 метри. Овој меморијал спортскиот клуб го организира во чест на нивниот долгогодишен член Димитар Кангов – Кангата, кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.
Меморијалот годинава е дел од календарот на акции на ФПСМ ( Федерација за Планинарство на С. Македонија )
Поаѓањето e на 3 октомври, недела, во 07:00 часот од паркингот кај Спортската сала 26 април Гевгелија, за учесниците од Гевгелија. Стартот на меморијалот е во 08:00 часот од местото Алчак ( Шутка) 1650м.н.в.
Маршутата на меморијалот : Алчак (Шутка) 1600м.н.в.- Таблата – Марково езеро 2035м.н.в. – врв Зелен брег 2166м.н.в.
Должина во еден правец на маршутата е 7,3км. со висинска разлика од 660м. патеката спага во категорија ЛЕСНИ патеки.
Пристигнување на врвот околу 11 – 12 часот мал одмор, полагање на цвеќе на спомен плочата, доделување на благодарници за учество на меморијалот на планинарските Друштва/Клубови како и за најмлад и најстар учесник. и враќање назад по истата патека.
Затварањето на меморијалот е во 17 часот.
Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција, највисок врв на Кожуф е врвот Зелен Брег со своите 2166м.
Кожуф се протега во правец југозапад-североисток и има заоблено и нерасчленето планинско било.
Поточно, планината Кожуф има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток.Од Пуљевац (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в), доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф – Зелен брег (2166 м.н.в) потоа се спушта до седлото Марково езеро (2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.), па преку Мала рупа (2004 м.н.в) и преку Сува рупа (1960 м.н.в) да дојде до селото Љумница, село кое се наоѓа во Грција.
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *