16 СЕПТЕМВРИ-СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА.ОДБЕЛЕЖЕТЕ ГО СО ТОА ШТО НЕМА ДА ГО ФРЛАТЕ ОТПАДОТ БИЛО КАДЕ

Светот го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.
Oзонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето. Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“.
Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови. Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата а кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.
….И да се потсетиме иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.
Протоколот од Монтреал го започна својот живот како глобален договор за заштита на озонската обвивка, работа што добро ја заврши, што го прави еден од најуспешните еколошки договори до сега. Обединетиот напор на светско ниво за постепено отстранување на супстанциите што го осиромашуваат озонот значи дека денес, дупката во озонската обвивка се смалува, а за возврат го штити здравјето на луѓето, економиите и екосистемите. Но, како што тоа убаво се обидува да го истакне овогодинешната тема на Светски ден на озонската обвивка, протоколот од Монтреал прави многу повеќе – со забавувањето на климатските промени и помагањето за зајакнување на енергетската ефикасност во секторот за ладење, се придонесува за безбедноста на производството на храната.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *