15 ОКТОМВРИ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска, 15 октомври, го одбележува Светскиот ден на Белиот стап кој од Обединетите нации е признат како симбол на слепите лица зашто им овозможува поголема мобилност и учество во заедницата.
Белиот стап е препознатлив како симбол на самостојност, знак на независност и почитување на достоинството на слепите лица и лицата со оштетен вид, што е во согласност со член 3 од принципите на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост. Белиот стап истo така е во согласност со обврските што ги бара член 9 од Конвенцијата која зборува за пристапноста и член 21 кој се однесува на независно движење и потребата патеките за движење во градвите и населените места да бидат прилагодени според потебите на лицата со попреченост.
Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во 1946 година и е единствен легитимен претставник на повеќе од 2.500 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *