13 НОЕМВРИ Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДОБРИНАТА. БИДЕТЕ ДОБРИ ДЕНЕС И СЕКОЈ НАРЕДЕН ДЕН
Луѓето кои прават добри дела имаат помала веројатност да се разболат и да живеат подолго, велат експертите. Големиот руски писател Лав Толстој ја нарече добрината најнеопходен зачин, бидејќи најдобрите особини без добрина не вредат ништо, а најлошите пороци со добрината лесно се простуваат.
Светскиот ден на добрината се слави во многу земји секој 13 ноември повеќе од дваесет години.
На тој ден во 1998 година, во Токио се одржа првата конференција на Светското движење за добрина.
Зборови на благодарност, насмевка и добри дела, сето тоа е толку едноставно и важно во секојдневната комуникација, а Денот на добрината е вистинската можност да се направи добро.
Добрината е основен дел од човековата состојба што ги надминува поделбите на раса, религија, политика, пол.
Светскиот ден на добрината е одлична причина да им дадете на другите малку внимание и добрина! Да бидеме добри денес и секој нареден ден!