123 ГОДИНИ ОД ПРАИЗВЕДБАТА НА „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ НА ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ ВО СОФИЈА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Во Софија, во салонот „Славјанска беседа“ , на денешен ден 1900 година е одржана праизведбата на пиесата „Македонска крвава свадба“ од основположникот на македонскиот театар и драматургија, македонскиот писател Војдан Чернодрински.

„Што направив јас? – Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонците да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им се одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест – ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата.

Кога Македонците во Софија се собрале пред „Славјанска беседа“ со намера да ја гледаат претставата, пристигнале вооружени бугарски коњички стражари за да ја изгонат македонската „толпа“. Но пред нив застанале комити вооружени со револвери и ками, кои ги заштитиле актерите и претставата продолжила без прекин.
„Нека се чуе за никогаш да не се заборави јазикот на којшто зборувале нашите прадедовци, зборуваме ние денес и ќе зборуваат сите идни поколенија на нашата света земја Македонија“, ќе проговорат со оружје в раце Славчо Ковачев и Борис Сарафов, комити и дејци што ја обезбедувале праизведбата на пиесата „Македонска крвава свадба“, од Војдан Поп Георгиев-Чернодрински, во салонот на Славјанска беседа.

Христо Милчинов (негови потомци се Илија Милчин и Владимир Милчин) бил толку убедлив во улогата на Осман-бег, што публиката фрлала по него столови и му правела разни инциденти затоа што ја грабнал Цвета. Што се однесува, пак, до прашањето за јазикот на пиесата, „Македонска крвава свадба“ била напишана и изведена на македонски јазик, затоа што била намената за Македонците во Бугарија, а не за Бугарите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *