ОД ДАМНИНА, ДЕН СПРОТИ ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДРЖУВАЛ ТРАДИЦИОНАЛЕН ПАНАЃУР КОЈ ТРАЕЛ ДВА ДЕНА

И вечерва ќе одекнат камбаните од црквата „Свети Спас“ на зајдисонце. Црквата, години наназад, под својот покрив ги собираше верниците кои преспиваа тука, кој за здравје, кој за среќа, кој за бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, пред да заспијат, тие каснуваа од убавото црквено гравче. Оние другите, со своите деца, ги обиколуваа до доцна во ноќта поставените тезги со разни дребулии, купуваа потребни и непотребни ситници. Децата се возеа на рингишпилите, држејќи во раката стапче со слатката шеќерна виолетова волна, која им се лепеше на обравчињата, додека повозрасните седнуваа во импровизираните кафеани на отворено, да каснат од скарата и да се напијат од пивото.
Инаку, уште од стари времиња, на манастирскиот празник Свети Вознесение Христово – Спасовден во Гевгелија се одржувал голем традиционален панаѓур, кој траел два дена. Тогаш доаѓале многу гости од околните села и поблиските градови, за чие сместување во минатото црковната управа изградилa неколку анови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *