И ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПЛАНИНАРИ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖАТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНАТА – 11 ДЕКЕМВРИ. ЗПСК „КОЖУФ“ СО НОЌНО А ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ СО ДНЕВНО ИСКАЧУВАЊЕ НА КОЖУФ.

15 ДО 20% ОД СВЕТСКИОТ ТУРИЗАМ ДОАЃА ОД ПЛАНИНСКИОТ СЕКТОР. ВРЕМЕ Е И ГЕВГЕЛИЈА ДА ЈА РЕОБМИСЛИ ОВАА ТУРИСТИЧКА ГРАНКА.
Според календарот на активности на Клубот ЗПСК КОЖУФ Гевгелија за овој викенд има предвидено ноќно планинарење на Кожуф планина, со искачување на највисокиот врв Зелен Брег 2166м. Оваа нивна акција се поклопува со светскиот ден на планината 11- ти декември, според тоа вечерва , ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ке реализира ноќна планинарска акција, а дали ке се искачува врвот Зелен Брег или ке се направи алтернативна акција зависи од проодноста на патот кон Ски Центарот Кожуф, и од временските услови на теренот, ни изјави претседателот на клубот Каркалашев Ристо.
Меѓународниот ден на планината, 11-ти декември планираат да го одбележат и членовите на ПСК „Двете Уши“ од Гевгелија, денеска на Кожуф планина со старт од Смрдлива Вода.
Планинарењето полека, но сигурно, станува и нов начин на живот и еден од поатрактивните спортови како во светот, така и во Македонија. Брзиот начин на живот, нездравата исхрана, загаденоста на големите градски центри, се причината луѓето полека да се враќаат кон природата.
Кога зборуваме за Македонија, слободно може да кажеме дека е планинска земја. Планините се исклучително значајни бидејќи дури 80% од територијата на државата е сочинета од планини. Има околу 40 планини од кои 12 се повисоки од 2000 метри надморска висина, што ја прави единствената држава во Европа со толкав број на планини и планински масиви на својата површина.
Темата за оваа година е одржлив туризам. 15 до 20% од светскиот глобален туризам доаѓа од планинскиот сектор, а одржливиот начин на работа може да отвори дополнителни и алтернативни опции за живеачка, намалување на сиромаштијата, социјална инклузија и заштита на биодиверзитетот во едно. Тоа е начин со кој можеме да ја заштитиме природата и културните вредности, да ги промовираме локалните занаети и вредни продукти и да ги прославиме традиционалните практики и локални фестивали.
Кризата која глобално нѐ зафати овие години може да биде опција да го реобмислиме планинскиот туризам и неговиот импакт врз природните ресурси, да го изменаџираме на подобар начин и да го насочиме кон поиздржлива, зелена и инклузивна иднина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *