ВО ГЕВГЕЛИЈА ВИКЕНДОВ НАВРНАА 40 ЛИТРИ ДОЖД, КОЈ НЕ ПРЕДИЗВИКА НИКАКВИ ПРОБЛЕМИ.
Изминатиот викенд, во Гевгелија наврнаа 40 литри дожд, известија од Метеоролошката станица во Гевгелија. И покрај ова, од таму велат дека мала е влажноста на почвата, поради малите врнежи на дожд во летниот период. Инаку, врнежите од дожд не предизвикаа никакви проблеми како во одвивањето на сообраќајот така и за населението во општината. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река. Во моментов бележиме намалување на водостоите од горните сливни подрачја, и сеуште високи водостои во долните сливни подрачја и тоа кај реките Пчиња, Брегалница, Струмица, Црна и Боротинска Река, велат од УХМР. Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците поради појава на свлечишта.